Алегри категоричен: Јувентус уште не е подготвен за титулата

Јувентус и Интер одиграа нерешено во јубилејното 250-то Дерби на Италија, по кое ништо не се смени на врвот на табелата во Серија А. Интер е лидер со 32 поена, а Јувентус е веднаш зад Нераѕурите со 30 поени.

И покрај тоа што Старата дама е на второто место на табелата, тренерот Масимилијано Алегри во ниту еден момент не сака да зборува и да размислива за борба за титулата.

„Нашата главна цел е да бидеме во Топ 4 на табелата. Со ремито против Интер сега имаме девет бода повеќе од тимот, кој е на петтото место. Среќен сум од играта на моите фудбалери против Интер“, рече Алегри.

Јувентус сезонава не игра во европските купови, па тимот има повеќе слободни дена. Следниот меч за Старата дама е дуелот против Монца. Алегри повикува на претпазливост затоа што минатата сезона Монца успеа двапати да го победи фаворитот.

„Во петок ќе гостуваме кај Монца, тим кој минатата сезона ни одзеде шест бода и против кого не успеавме да постигнеме ниту еден гол. Затоа очекувам дека и ова ќе биде тежок натпревар“, додаде Алегри.

 

- Оглас -

Најнови вести