Најтрофениот италијански стратег во последнава декада, Масимилијано Алегри потајно се враќа тренерските води. Алегри кој со Милан има титула и Суперкуп на Италија, а со Јувентус освои пет Скудета и четири Купа и два Суперкупа, од минатата година не е активен.
По освоената петта титула во низа со Јувентус, Алегри реши дека сака да се повлече и да паузира одреден период. Сепак, според најавите, Алегри е можно да се врати периодов и тоа како консултант во Ливорно. Тоа е тимот кој доаѓа од градот во кој е роден Алегри и каде што играч како фудбалер.
„Бев изненаден кога добив повик од најдобриот тренер во Европа според мене. Алегри ми се јави и се сретнавме во Монте Карло. Ми рече дека сака да го понуди своето искуство и Ливорно да ја надогради играта на едно повисоко ниво, без разлика во кој ранг ќе играме“, вели претседателот на Ливорно Алдо Спинели.
По 28 одиграни меча, Ливорно е последен на табелата во Серија Б со само 18 бодови и заостанува дури 12 бодови зад Кремонезе, кој е на последното место кое може да донесе спас во оваа лига.