17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Алегри: „Модриќ мора кондиционо да се подготви, најважно е дека никој не се повреди“

Лука Модриќ го имаше своето деби за Милан на пријателскиот меч против Челзи, но неговата екипа загуби со убедливи 4-1. Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, вели дека најважно е што ниту еден фудбалер не се повредил во текот на подготовките.

„Најважно е што во овој еден месец како тренираме, никој не се повреди. Сега ќе се подготвуваме за Купот и почетокот на првенството. Денес со десетмина фудбалери одигравме подобро и поорганизирано. Примивме премногу голови и мора да бидеме внимателни, но тоа се работите со кои ќе се занимаваме во продолжение од подготовките.“ – вели Алегри.

Тренерот на Милан се осврна и на дебито на Лука Модриќ.

„Само што пристигна, мора да работи. Очекував дека ќе одигра 30 минути, но тој одигра 45. Истотака мора да ја подобри кондицијата, бидејќи започна со подоготвките подоцна од другите.“ – додава Алегри.

- Оглас -

Најнови вести