11.8 C
Skopje
понеделник, 6 октомври 2025

Алегри му верува на Американецот, и наредниот пенал за Милан ќе го шутира Пулишиќ

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, изјави дека Кристијан Пулишиќ ќе ја задржи својата улога како главен изведувач на пенали во тимот, и покрај тоа што синоќа утна од пенал во дербито против Јувентус.

Милан ремизираше 0-0 против Старата дама во натпревар во кој Пулишиќ промаши од белата точка, и тоа беше прв пат во неговата кариера да не постигне гол против Јувентус.

„Пулишиќ отсекогаш бил изведувач на пенали. Тоа не се менува поради една грешка. Треба да одлучиме кој треба да биде изведувач кога Пулишиќ нема да биде на теренот“, изјави Алегри.

Милан имаше уште една голема шанса да постгне гол, но Рафаел Леао не ја реализираше.

„Леао е уште надвор од ритам после паузата од 45 дена. Потребен ни е, сакаме брзо да се врати во форма. Играч како него требаше да постигне гол во најмалку една од двете ситуации кои ги имаше, мора да биде убоит и да стане играч кој решава натпревари“, додаде Алегри кој се врати во Торино каде работеше осум години, овојпат како шеф на Милан, а против неговиот екс клуб Јувентус каде има многу пријатели.

- Оглас -

Најнови вести