Алегри: На Интер и Милан да им фалат по пет првотимци, ќе бидат полоши од нас

Масимилијано Алегри е на мета на критики на навивачите на Јувентус поради слабите игри на тимот, а последниот пораз против Бенфика и тоа на домашен терен сериозно го разниша столчето на Италијанецот.

Јуве и гостува на Монца денеска од 15 часот и нов евентуален неуспех веројатно ќе значи и отказ.

„На Интер и Милан да им фалеа пет првотимци, ќе беа полоши од нас. Сите сакаме да редиме победи, но очигледно е дека треба да ја подобриме формата и да одиграме како што треба.

Јасно е дека сме во криза, но евентуален мој отказ не верувам дека би променило нешто“ изјави Алегри.

Јуве на последните четири средби има две реми и два порази, додека последната победа дојде на крајот од август.

- Оглас -

Најнови вести