Јувентус се подготвува за два многу значајни натпревари неделава, вечер против Зенит во Лигата на шампионите и потоа во претстојниот викенд против Фиорентина во Лигата, а тренерот Масимилијано Алегри по двата порази по ред во Серија А, пред тренинг-сесијата имаше разговор со професор-доктор Џузепе Верчели, кој долго време е шеф на одделот за психологија во Јувентус.
Тренерот на Старата дама верува дека проблемот во неговиот тим е психолошки и се консултираше со Верчели како да се врати менталната стабилност за излез од резултатската криза.
„Тажни сме и лути. За пет дена го уништивме тоа што го градевме месец и пол. Таман се вративме на правилниот пат, направивме чекори назад. Ако имам гаранција дека нема да примаме голови ако играме со тројца централни дефанзивци, спремен сум да ставам и седум одбранбени играчи“, коментира Алегри.