Алегри: Не испаднавме синоќа од ЛШ!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, рече дека е разочаран, но не мисли дека испаѓањето од ЛШ е катастрофа и притоа додаде дека Старата дама не испаднала од трката за осминафинале поради синоќешниот пораз од Бенфика.

Само вторпат во историјата се случи португалски тим да оди понатаму, а италијански да испадне од групна фаза кога биле заедно во група. Сега Јуве ќе се фокусира на обезбедување место во Лигата на Европа, но и тоа ќе биде тешко, во последното коло играат со ПСЖ.

„Не смеевме да примиме онаков гол по изедначувањето, потоа утнавме шанси и бевме казнети. Сами си ги искомплициравме работите. Елиминацијата боли, лути сме, разочарани, но мора да се фокусираме на Серија А. Ни треба враќање на физичката и менталната енергија, мора да најдеме мотивација за следниот меч со Лече“, рече Алегри.

Алегри засега останува тренер на Јуве.
„Не е кикс. Во фудбалот има и порази. Ова треба да да го сфатиме како шанса за нов почеток. Не сме елиминирани поради овој меч, туку поради претходните мечеви“, додаде Алегри.

- Оглас -

Најнови вести