19.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Алегри не мрда од Јувентус

Масимилијано Алегри ќе остане на клупата на Јувентус до истекот на договорот, до 30 јуни 2025 година, без разлика на резултатите кои Старата дама ќе ги оствари сезонава, објавија италијанските медиуми.

Според „Газета дело спорт“, Алегри веќе со спортскиот директор Кристијано Џунтоли ги планираат засилувањата за следната сезона.

Челниците на Јувентус се задоволни од работата на Алегри и поради тоа одлучија да го задржат до истекот на договорот и се подготвени да му понудат продолжување на договорот, иако пред неколку месеци медиумите пишуваа дека управата му бара замена.

Јувентус моментно се наоѓа на второто место на табелата во Серија А со еден бод помалку од лидерот Интер.

- Оглас -

Најнови вести