Алегри не му дава одмор на Роналдо

Јувентус денеска гостува кај Емполи во меч од 10 коло на италијанската Серија А, во обид да започне нова победничка низа. „Старата дама“ имаше осум победи по ред во првенството, но изминатиот викенд на свој терен киксираше и одигра само 1:1 против Џенова.

Тренерот на италијанскиот првак, Масимилијано Алегри најави дека не планира да одмора ниту еден од првотимците, а посебно потенцираше дека Кристијано Роналдо ќе биде на теренот. Алегри вели дека неговите играчи во нападот ќе мора да ја подобрат реализацијата, бидејќи не даваат доволно голови, во однос на тоа колку шанси создаваат.

„Роналдо ќе игра. Ние ќе мора да ја подобриме реализацијата ако сакаме да победиме. Емполи е добар тим кој знае да ја контролира топката во свој посед. Ако не одиграме како што треба, ова може да биде тежок меч за нас“, рече Алегри.

Кристијано кој дојде во Јувентус за сума од 112 милиони евра, сезонава одигра 11 меча и даде пет гола, што е под неговиот просек на кој сме навикнати. Јувентус на ова гостување ќе биде без Сами Хедира и Емре Џан, а неизвесно е дали во нападот ќе биде Марио Манџукиќ.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести