Алегри не си дава оставка, за поразот ги обвини повредите

Масимилијано Алегри по поразот од Ајакс рече дека намерата му е да остане тренер на Јувентус и во следната сезона. Иако Јуве атакуваше на европскиот врв, не успеа да го прескокне младиот тим на Ајакс, кој стана миленик на фудбалска Европа. Алегри не мисли дека елиминацијата е кикс.

„Во второто полувреме Ајакс беше многу подобар и заслужи да победи. Во првото ние бевме компактни, не им дававме да се разиграат. Дадовме гол, но потоа примивме голови по наши грешки. Со Кјелини, Даглас Коста и Манџукиќ ќе беше поинаква сликата. Проблем е кога не можете да сметате на такви важни играчи. Не заборавајте дека кога ја победивме Барселона во Торино со 3-0, кај нив го немаше Бускетс. Отсуствата на важни играчи се проблем. Дали ќе останам? Разговарав со претседателот Ањели, заеднички се договаравме за изгледот на тимот во идната сезона“, рече Алегри.

Сепак, Андреа Ањели истакна дека дали Алегри ќе остане тренер, ќе се знае кога ќе заврши сезоната во Серија А, за малку повеќе од еден месец.

- Оглас -

Најнови вести