Милан се подготвува за првиот официјален натпревар во новата сезона, в недела игра против второлигашот Бари на стартот од Купот на Италија, но главниот тренер Масимилијано Алегри нема да биде на клупата на Росонерите.
Ооа е затоа што Алегри е суспендиран на два натпревари од Купот на Италија поради инцидентот за време на неговиот последен натпревар како тренер на Јувентус во 2024 година.
Инцидентот се случи во Рим во финалето на Купот, Јувентус ја победи Аталанта со 1-0, и тоа е последниот трофеј и меч за Алегри. Стручњакот тогаш доби црвен картон поради кавга со судиите, си го кинеше палтото, а наводно во тунелот бил вмешан и во физичка пресметка со уредникот на весникот „Тутоспорт“.
Доколку Милан го елиминира Бари, Алегри ќе мора да го пропушти и второто коло во Купот.