Алегри објасни зошто не сакал да го гледа финишот од дуелот против Верона

Јувентус синоќа се намачи на својот терен, но на крајот успеа да ги освои трите бода во дуелот против Верона благодарение на победата од 1:0. Тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри реши да одмори неколку стандардни првотимци за да бидат свежи за дербито против Интер во првиот меч од полуфиналето на Купот (ќе играат на 4 април) и тоа за малку можеше да го чини кикс против Верона.

Дури четворица тинејџери беа во првиот тим на Јувентус, а Алегри по мечот беше многу лут, а финишот од мечот го проследи од тунелот кој води кон соблекувалните.

„Знаевме сите потешкотии кои може да ги имаме на овој меч, затоа што Верона има многу физички силни, но и квалитетни фудбалери. Двете екипи имаа шанси за да постигнат голови. Ние не игравме како што посакував и мислам дека во последните пет минути моравме да постигнеме и втор погодок. Пет минути не изгледаат како многу време, но на Верона доволно ѝ беше да испрати една долга топка во нашиот шеснаесетник и таму може сешто да се случи. Можевме да зажалиме поради оваа наша игра, но имавме среќа и тоа не се случи, објаснува Алегри.

Интер вчера загуби од Фиорентина, па Јувентус сега дојде на само шест бода зад Нераѕурите, иако гигантот од Торино сезонава беше казнет со одземање на 15 бодови.

- Оглас -

Најнови вести