Алегри: Патот на Јувентус до Лигата на шампионите е преку Лигата на Европа

Јувентус сезонава беше казнет со 15 бода во италијанското првенство, па од тим кој се бори за највисок пласман, сега падна на средината на табелата со двоцифрено заостанување зад оние екипи кои претендираат за излез во Европа. Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, вели дека неговиот тим уште има шанси да игра во Лигата на шампионите следната сезона, а тоа да не биде преку резултатите во Серија А.

Старата дама вечерва ќе стартува во нокаут-фазата од Лигата на Европа, а прв ривал им е Нант. Јувентус е фаворит против францускиот ривал, а Алегри потенцираше колку се важни резултатите во второто по ранг натпреварување во УЕФА.

„Бевме елиминирани во Лигата на шампионите и сега стартуваме во Лигата на Европа. Токму ова натпреварување може да биде нашиот пат кон Лигата на шампионите и за следната сезона. Ќе се обидеме да стигнеме до целта“, рече Алегри.

Според правилата на УЕФА, победникот во Лигата на Европа автоматски обезбедува место во Лигата на шампионите за следната сезона. Оваа мисија за Јувентус стартува со двомеч против Нант

- Оглас -

Најнови вести