14.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Алегри по ремито против Аталанта: „Мора повеќе да веруваме во себе“

Фудбалерите на Милан и втор натпревар по ред одиграа нерешено во италијанската Серија А, па од лидерската позиција, паднаа на третото место со заостанување од три бода зад Наполи.

„Неколку фудбалери ни недостасуваа, но екипата добро реагираше. Моравме да се браниме во првото полувреме по голот бидејќи правевме многу технички грешки, додека по паузата бевме многу подобри, направивме шанси, но и донесовме многу погрешни одлуки во последната третина. Тука мора да се подобриме, фудбалерите мора да имаат поголема верба во себе. Аталанта не можеше да продолжи со високиот пресинг во текот на целиот натпревар и знаевме дека ќе паднат, но во тие моменти мораше да ја подобриме завршницата. Голот што го примивме можеше да се избегне кај проигрувањето, но екипата мора да биде горда на својата игра и да се подготвува за следниот натпревар против Рома“, рече тренерот на Милан, Масимилијано Алегри.

- Оглас -

Најнови вести