Јувентус го освои Купот на Италија, а тренерот Масимилијано Алегри имаше свое шоу во финишот на финалето во Рим и подоцна додека траеше прославата.
Алегри бурно реагираше кај четвртиот судија при една одлука во самиот финиш и доби црвен картон. Пред да замине на трибина, беснееше, ги соблече палтото и вратоврската, ги фрлаше, а потоа урлаше кон некого во ложата на „Олимпико“.
Популарниот Макс предизвика контроверзии и по завршувањето, додека славеа на теренот. На снимката се гледа како го брка директорот Кристијано Џунтоли и му одмавнува со раката барајќи од него да се тргне. Џунтоли е човекот кој сака Алегри да биде сменет од тренерското место во Јуве и на негово место да се донесе Тијаго Мота.
„Ништо не се случи, прославував со играчите и публиката. Ги почитувам клубот и човекот, немам проблем со никого. Ако си одам, во наследство оставам силен тим. Не го освоивме Скудетото, но се пласиравме во Лигата на шампионите и го освоивме Купот“, рече Алегри.
Ho visto male o #Allegri fa il gesto ‘via via’ a Giuntoli che sta applaudendo? #juve pic.twitter.com/pJaU4Ajp0j
— roberto grossi (@ninersmessimale) May 15, 2024