Алегри предупреди: Ако не сакаме да испаднеме, ќе мора да освојуваме бодови!

Јувентус загуби на свој терен од Монца со 0:2 и за прв пат по 1930 година им се случи од екипа која прв пат е дел од Серија А, да загубат во двата меча од првенството. Тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри е загрижен поради лошата игра на своите фудбалери и им порача дека мора да размислуваат да освојуваат бодови, посебно откако клубот беше казнет со одземање на 15 бодови.

„ДО овој момент успеавме да освоиме 38 бодови, но имаме само 23 и затоа мора да играме многу подобро. Мора да освојуваме бодови, ако сакаме да останеме во Серија А. Ситуацијата е целосно променета, но мора да сфатиме дека тоа е реалноста сега. Мора да освојуваме бодови, инаку може да биде многу лошо за нас“, рече Алегри.

Јувентус моментно е на 13 место на табелата со 23 бодови и реално има комотни 11 бодови повеќе од Верона која е во зоната за испаѓање на 18 позиција со само 12 бодови.

- Оглас -

Најнови вести