2.8 C
Skopje
недела, 28 декември 2025

Алегри пресмета колку бодови треба да се освојат за сезонава да се биде првак во Серија А

Милан убедливо со 3:0 славеше над Верона во денешниот меч од 16. коло во Серија А, со што само се потврдува дека Росонерите се кандидати за титулата. Милан веќе неколку години чека да се израдува на скудетото, а според сегашниот изглед на табелата, главни ривали на Црвено-црните ќе им бидат Интер, Наполи и Јувентус.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри верува дека неговит тим може да се бори за титулата до крајот, а според проценките на актуелниот предводник на Росонерите, за да се стигне до Скудетото потребно ќе биде да се освојат барем меѓу 82 и 84 бодови.

„Мора да продолжиоме да играме добро и да освојуваме бодови. Во следните неколку недели имаме многу збиен распоред. Во моментов делува дека за да се стигне до Скудетото ќе бидат потребни меѓу 82 и 84 бодови. Може да бидат потребни и 86 бодови, бидејќи некој тим може да влезе во серија од победи. За нас најважно е да продолжиме да победуваме“, рече Алегри, кој со Милан сезонава освои 35 бодови по 16 одиграни средби.

- Оглас -

Најнови вести