Алегри призна дека Јувентус е во криза, но верува дека трофејот во Купот може да се освои

Јувентус е домаќин на Лацио во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија. Двата тима се надеваат дека токму преку Купот може да стигнат до трофејот. Овие два тима играа меѓу себе само пред три дена, кога Лацио на „Олимпико“ во Рим победи со 1:0.

Сега Јувентус е домаќин, а тренерот на Старата дама, Масимилијано Алегри, признава дека неговиот тим е во криза според резултатите постигнати во последните два месеца.

„Играчите треба да имаат повеќе самодоверба. До крајот на сезоната имаме две важни цели за да оствариме. Првата е да обезбедиме место за настап во Лигата на шампионите за следната сезона, а втората е да го освоиме Купот. Точно е дека имаме кризен период, но верувам во играчите и се надева дека може да го надминеме“, рече Алегри во пресрет на денешниот куп-меч.

Во последните девет кола во Серија А, Јувентус има само една победа, четири нерешени и четири порази, па освоените седум бода во девет дуели се премалку за тим кој се бори за трофеј и место во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести