Милан оваа сезона не игра во европските фудбалски купови, па во среда ќе го пречека Комо во заостанат меч од Серија А. Екипата од Милано има осум бода заостанување од градскиот ривал Интер, а Масимилијано Алегри признава дека ривалот е фаворит за освојување на Скудетото.
„Ќе треба добро да се подготвиме за овој натпревар и да го одиграме на најдобар можен начин – ќе ни треба дисциплина и да бидеме смирени. Комо сè уште се бори за место во Лигата на шампионите, играат добро и заслужуваат пофалба. Се наоѓаме во последните три месеци од сезоната и сè ќе се решава од сега натаму. Интер сè уште е фаворит за титулата. За италијанските клубови пласманот во Лигата на шампионите е прашање на живот и смрт“, вели Алегри.

