Алегри: Роналдо ми потврди дека останува во Јувентус, за нас тој е гаранција за многу голови

Масимилијано Алегри е убеден дека Кристијано Роналдо ќе игра за Јувентус и во новата сезона, а според неговата изјава Португалецот му гарантирал дека е подготвен за нов предизвик во „црно-белиот“ дрес.

„Риналдо е исклучително важен играч за Јувентус. За нас тој е бонус, гаранција за многу голови. Никогаш не побарал да си замине, а мене и ми потврди дека останува, иако медиумите постојано летово го селат по разни клубови“, изјави Алегри.

Тој се врати на кормилото на Јувентус по две години пауза, откако беше шеф на стручниот штаб на Старата дама од 2014 до 2019 година и освои пет шампионски круни.

Со Роналдо соработуваше во својата последна сезона како тренер на Јувентус, во 2018/19 прва тогаш за Португалецот како играч на Старата дама.

Јувентус утре од 18.30 часот ќе ја почне новата сезона во Серија А со меч против Удинезе на гостински терен.

 

- Оглас -

Најнови вести