По завршувањето на дербито Наполи – Јувентус со резултат кој се случува еднаш во 30 години, тренерот на поразениот Јувентус, Масимилијано Алегри, сакаше што побрзо да замине во соблекувална, без да се поздрави со колегата Лучано Спалети.
Камерите снимија интересна ситуација како Спалети буквално трча по Алегри со испружена рака за да се поздрават после мечот. Алегри конечно попушти и му честиташе на колегата кој беше упорен да се ракува со него.
Погледнете како изгледаше сето тоа:
https://twitter.com/i/status/1614031441595170818