Јувентус е елиминиран од Купот на Италија откако синоќа загуби на гостувањето кај Интер, и тоа минимално со 1:0, но и тоа беше доволно за Старата дама да остане без посакуваниот трофеј. По завршувањето на мечот, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, бил многу лут на челниците на Интер и влегол во вербален конфликт.
„Вие сте обични гом*а. Ќе завршите на шестото место на табелата“, им се дерел Алегри на челниците на Интер, Бепе Мората и Дарио Бакин.
Тренерот на Јувентус потоа заминал во соблекувалната кај своите фудбалери и имал што да им каже. „Мораме да завршиме пред нив на табелата. Не смееме да им дозволиме да играат во Лигата на шампионите“, викал Алегри.
По 31-вото коло, Јувентус е трет на табелата со 59 бода, додека Интер е на шестото место со 54 бода.