Алегри со порака: Јувентус уште има шанси во Лигата на шампионите

Италијанскиот гигант Јувентус повторно ги разочара своите навивачи на домашен терен откако загуби со 1:2 од Бенфика. Старата дама водеше со 1:0, но гостите направија целосен пресврт и на крајот се радуваа во Торино на три бода.

Јувентус првпат во историјата на Лигата на шампионите има два порази на стартот од елитното натпреварување. Многумина шпекулираат дека тренерот Масимилијано Алегри може да добие отказ, но стратегот не мисли да си замине, туку убедува дека ќе биде многу подобро.

„Некогаш е тешко да се објасни фудбалот. Откако резултатот стигна 2:1 за противникот, можевме да примиме и трет или четврт погодок. На играчите веќе им реков дека вакви работи во фудбалот се случуваат и мора да направиме сè за да се подобриме. Лигата на шампионите уште не е загубена за Јувентус“, рече Алегри, кој призна дека и тој како тренер првпат ги губи првите два меча во групната фаза.

Алегри најави дека Јувентус сега треба да се фокусира на следниот тежок меч во Серија А, а тоа е против новакот Монца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести