Екипите на Арсенал и Милан го одиграа првиот меч на азиската турнеја. Победата им припадна на Топчиите со минимални 1-0, а стрелец на единствениот гол беше Бакајо Сака во 53-тата минута.
Дел од оваа турнеја нема да биде Лука Модриќ, најголемото засилување на Милан, а на клупата на Црвено-црните дебитираше новиот тренер, Масимилијано Алегри, кој по пауза од 11 години се врати на клупата на Милан.