Масимилијано Алегри очекува меч со голови на „Амстердам арената“, а го пофали со многу комплименти ривалот Ајакс пред стартот на двомечот, во кој Јувентус е фаворит за пат во полуфиналето во Лигата на шампионите.
„Имаат полетен и опасен тим. Ајакс е составен од одлични индивидуалци и технички дотерани фудбалери. Ќе биде тешко да се игра дефанзивно против нив и затоа не верувам дека првиот меч ќе заврши без гол. Сме играле доста мечеви меѓу себе и две финалиња и знам дека со Ајакс никогаш не е лесно“, вели Алегри.
Јувентус и Ајакс имаат играно две финалиња во Купот на европските шампиони и билансот е израмнет. „Копјаниците“ беа подобри во сезоната 1972/73, со што го комплетираат хет-трикот со едноподруго титули.
„Старата дама“ од Торино се реваншираше во сезоната 1995/96, кога на „Олимпико“ во Рим по подоброто изведување на пеналите, ја освои втората европска круна.