Алегри: Тој мора веднаш да оди на бербер, не сакам 100 пати во текот на мечот да си ја мести фризурата

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, му даде шанса да заигра на младиот Турчин Кенан Јилдиз, но имаше замерки за него дека повеќе мислел на фризурата отколку на случувањата на теренот.

Јилдиз, кој е роден во Германија, но игра за селекцијата на Турција, влезе во финишот на местото на Душан Влаховиќ.

„Утре тој мора да оди на бербер и да се истрижи бидејќи вечерва 100 пати си ја поправаше фризурата. Утре оди да си ја скрати косата и така ќе може да се фокусира на фудбалот“, рече Алегри.

- Оглас -

Најнови вести