Дуелот против Аталанта во финалето од Купот на Италија е последен за Масимилијано Алегри на клупата на Јувентус откако дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Италија го суспендира тренерот. Алегри треба да плати казна од 5.000 евра, но и два меча нема да смее да го води Јувентус од клупата поради недолично однесување во финалето од Купот на Италија.
Јувентус до крајот на сезоната треба да игра против Болоња и Монца, а тоа значи дека Масимилијано Алегри го заврши својот втор мандат на клупата на Старата дама. Се очекува негов наследник да биде Тијаго Мота, тренерот на Болоња, кој ја предводеше екипата до историски пласман во Лигата на шампионите.