20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Алегри за поразот од Кремонезе: Среќа што ова е само прво коло, примаме лесни голови

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по поразот од новакот Кремонезе, рече дека загубиле три планирани бодови, но ова е само прво коло и има простор за поправање на грешките во одбраната.

„Имавме осум шутеви кон голот, но сè е во самодовербата со која напаѓате и се браните. Примивме два гола кои можевме да ги спречиме доколку бевме малку пофокусирани. За среќа, ова е само прво коло и имаме време да работиме на овие детали. Треба да се подобриме во вакви ситуации бидејќи не можеме да си дозволиме да примиме два гола на секој натпревар. Со оглед на головите што ги примивме, очигледно треба да се подобриме во одбраната“, изјави Алегри. 

Инаку на овој меч, Хрватот Лука Модриќ стана најстариот дебитант во историјата на италијанската Серија А. Хрватот е на возраст од 39 години, 11 месеци и 14 дена.

- Оглас -

Најнови вести