Алегри за случајот Погба: Фудбалот губи неверојатен фудбалер

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изјави дека фудбалот губи неверојатен играч, откако играчот на Старата дама, Пол Погба, по вторпат беше позитивен на допинг тестот.

„Од човечки аспект, тоа многу ми пречи бидејќи сум близок со Пол. Фудбалот губи неверојатен играч кој беше поинаков од останатите“, изјави Алегри.

Погба се соочува со четиригодишна суспензија откако и вториот примерок покажа дека Погба е позитивен на тестостерон.

Французинот на 20-ти август првпат беше позитивен на допинг тестот, а откако и вториот примерок е позитивен, тој се соочува со четигодишна суспензија која може да му се намали на две години доколку се утврди дека Погба немал намера да зема допинг.

Погба минатото лето се врати во Јувентус откако помина шест сезони во Манчестер јунајтед.

Старата дама престана да му ја исплаќа платата според договорот и наместо тоа ќе му ја исплати минималната сума која е предвидена според колективниот договор за професионалните фудбалери во Италија и која изнесува 42.500 евра годишно. Управата згора на тоа му забрани на Погба да доаѓа во тренинг кампот и да тренира со првиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести