Алегри: За титулата во Серија А потребни се 90 до 92 бода, но нас нè интересира Лигата на шампионите

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, смета дека Интер е главен фаворит за титулата во Серија А иако Старата дама во првите 15 кола покажа дека е легитимен кандидат за трофејот.

„Знаеме дека Интер е фаворит, таа екипа е правена да ја освои титулата. Сопственикот на Интер, Стивен Жанг, на божиќната вечера рече дека целта е „втората ѕвезда“ на дресот. Ние поинаку ја започнавме сезоната, играме со помлади играчи. Правиме мали чекори да бидеме во состојба да ги надминеме тешките моменти“, изјави Алегри.

Алегри, кој со Јувентус има пет титули во Серија А, откри колку бодови според него се доволни за титулата, а колку за пласман во Лигата на шампионите.

„Верувам дека за титулата во Серија А се потребни помеѓу 90 и 92 бода, додека квотата за пласман во Лигата на шампионите моментно е 72 бода и токму тоа нè интересира нас“, додаде Алегри.

- Оглас -

Најнови вести