-2.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Алегри збесна и доби црвен картон и тоа кога тренерот на Комо го фаулираше Салемакерс (Видео)

Милан и Комо одиграа 1:1 на „Сан Сиро“ во меч по кој сите екипи во Серија А имаат одиграно по 25 средби. Росонерите остануваат на второто место со 54 бодови, дури седум помалку од лидерот Интер, додека Комо е шести со 42 бодови.

Двата тима може да жалат што не победија. Комо прв даде гол, потоа Милан израмни, а во продолжение, и домаќините и гостите имаа шанса за втор погодок. Една од ситуациите кои го одбележаа дуелот беше во 80 минута кога тренерот на Комо, Сеск Фабрегас буквално го фаулираше играчот на Милан, Салемакерс, но арбитарот не досуди ништо. По мечот, Фабрегас потоа се извини.

Fábregas pulling Saelemakers shirt.
by
u/Claija79 in
ACMilan

„Најпрво сакам да се извинам за инцидентот. Не беше убаво тоа од мене. На теренот ми беше задоволство да го гледам Лука Модриќ кој има 41 година, а не можевме да му ја земеме топката. Му благодарам што е дел од Серија А“, рече Фабрегас.

Моментот кога Фабрегас го сопре Салемакерс посебно го изнервира тренерот на Милан, Масимилијано Алегри кој жестоко реагираше, судијата му додели црвен картон.

„Требаше да има фаул за Салемакерс кој беше повлечен од Фабрегас. Ако тоа е дозволено, следен пат кога некој ќе поминува покрај мене, ќе му направам лизгачки старт“, рече Алегри, кој беше исклучен пред да заврши средбата.

- Оглас -

Најнови вести