Алегри збесна, па беше спремен дури и да се тепа со навивач (Видео)

Јувентус минимално со 1:0 ја победи Фиорентина и Старата дама се искачи во горниот дел од табелата, иако неодамна беше казнета со одземање 15 бодови. Доколку Старата дама не беше казнета, сега ќе беше на второто место на табелата, што доволно зборува дека екипата игра солидно, но сепак дел од навивачите не се задоволни.

На вчерашниот натпревар еден навивач на Јувентус, кој седеше во близина на клупата на Старата дама, претера со дофрлувањата и провокациите кон тренерот Масимилијано Алегри и фудбалерите. Стратегот на Јувентус во еден момент не можеше да издржи, па реши вербално да се пресмета со симпатизерот на Јувентус.

„Затни ја устата и симни се тука“, му возврати Алегри на навивачот. Тренерот на Јувентус е под голем притисок и многумина симпатизери бараат негова смена од клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести