Алегри: Жал ми е што испаднаа Интер и Наполи

Масимилијано Алегри по поразот на неговиот Јувентус од Јанг бојс, не беше премногу загрижен, изјави дека целта да бидат први во групата им е исполнета и дека жали што две италијански екипи испаднаа од Лигата на шампионите.

„Имавме две цели: да влеземе во осминафиналето и да влеземе како први во групата. Успеавме во двете работи, и тоа заслужено. Никогаш не е убаво кога ќе се загуби натпревар, но, за среќа, одбравме да загубиме на меч кога поразот не боли толку многу“, рече Алегри.

Јуве не се снајде најдобро на минусната температура во Берн и многу лизгавата вештачка трева, но Алегри не сака да бара алиби.

„Добро почнавме, создадовме шанси, но не ги искористивме. Дури по негативата од 0-2, почнавме да реагираме како што треба и заигравме добро. Во осминафиналето, може да ни паднат Атлетико, Тотенхем или Ливерпул, не знам кого би сакал да избегнеме. Ќе беше добро ако Интер и Наполи се пласираа понатаму, но таков е фудбалот. Позитивно е што ќе имаме два тима кои може да ја освојат Лигата на Европа“, изјави Алегри.

- Оглас -

Најнови вести