-4.2 C
Skopje
четврток, 19 февруари 2026

Алегри жесток кон Фабрегас: „Ти си детиште кое вчера стана тренер“

Комо успеа да остане непоразен на гостувањето кај Милан (1-1) и на тој начин да го „сопне“ во трката со Интер за титулата во Серија А, но „најинтересниот“ момент се случи малку по 80-тата минута.

Фабрегас го повлече за дресот Саелмакерс, кој се подготвуваше да изведе слободен удар, а Алегри бурно реагираше на ваквиот потег, по што беше исклучен. За разлика од него, тренерот на Комо не беше санкциониран.

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, го критикуваше потегот на својот колега пред телевизиските камери, а Фабрегас веднаш јавно се извини. Сепак, помеѓу двете прес-конференции имало и трето полувреме, а Алегри наводно му се обратил на Фабрегас со зборовите: „Шу*ак, ти си шу*ак. Детиште кое вчера стана тренер“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести