Алекс Фергусон му даде поддршка на Ерик тен Хаг

Актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, ја има целосната поддршка од легендарниот ексменаџер, сер Алекс Фергусон.

Според британските медиуми кои се повикуваат на извор близок до клубот, на Ферги му се допаѓа работата на Тен Хаг, со исклучок на резултатите сезонава.

„Ерик има целосна поддршка од сер Алекс уште од самото пристигнување во клубот. Тој е воодушевен од работата што ја врши Холанѓанецот и особено од начинот на којшто носи големи одлуки. Но, и Сер Алекс сака резултатите да се подобри. Сепак, тој смета дека сите коишто бараат промена на менаџерот, грешат. Фергусон смета дека Тен Хаг покажал карактер и менталитет и тврдо верува дека Ерик заслужува време“, тврди изворот за „Сан“.

- Оглас -

Најнови вести