Алекс Фергусон со него освојуваше титули, а потоа не успеа да се снајде ни во турски второлигаш

Бразилецот Андерсон беше еден од милениците на легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон. За сума од 30 милиони евра, Андерсон дојде на „Олд Трафорд“ од екипата на Порто и цели седум годни беше дел од најтрофејниот англиски клуб.

Иако многумина велеа дека тоа е играч кој нема квалитет да игра во клуб како што е Манчестер, Фергусон веруваше во Андерсон, а тоа носеше и резултати. Со Бразилецот во составот, Манчестер освои четири титули во Премиер лигата, а имаше трофеи и во Лига купот, Комјунити шилд, Лигата на шампиони и Светско клупско првенство.

Андерсон одигра 181 меча за Манчестер, но кога Фергусон реши да замине во пензија, тоа значеше и крај на неговата кариера на „Олд Трафорд“. Oд Манчестер замина во Фиорентина, но не се докажа, потоа играше во Интернасионал во Бразил, па во Коритиба, а на минатата сезона одигра 11 меча во Адана во втората турска лига. На 31 година, Андерсон реши да ја заврши кариерата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести