Алекс Трајковски како манекен, Хајдук Сплит со модно шоу на отворено го претстави новиот дрес (Фото)

Во Сплит владее вистинска фудбалска еуфорија, а во очекување на спектакуларниот трансфер на Иван Ракитиќ, еден од најдобрите хрватски фудбалери во поновата историја, Хајдук Сплит организираше модно шоу на отворено, заедно со компанијата „Адидас“ и ги претстави дресовите за новата сезона.

Своја улога како манекен во шоуто имаше и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Настанот беше организиран пред Институтот за океанографија и рибарство, на јужната страна на „Марјан“.

- Оглас -

Најнови вести