Алекса Аврамовиќ и Партизан емотивно се разделија, кошаркарот потпиша за ЦСКА Москва

Српскиот кошаркарски репрезентативец Алекса Аврамовиќ, потпиша двегодишен договор со еден од најголемите европски клубови, ЦСКА Москва, а поради суспензијата на Русите, овој клуб не учествува во Евролигата, но Алекса сепак се реши да прејде кај Армејците.

„Драги партизановци, ми беше голема чест и задоволство да се бориме за црно-белите бои. После три години подеми и падови, можам да кажам дека ова беше убав период за мене и не би го менувал. Им благодариме на навивачите за безрезервната поддршка во овие години. Се борев да ги оправдам вашите очекувања! Некои од најубавите моменти во кариерата ги доживеав играјќи за Партизан и секогаш ќе се сеќавам на нив со задоволство. Им благодарам на сите луѓе од клубот, луѓето од организацијата, пријателите на клубот, лекарите, физиотерапевтите и тренерите кои беа покрај мене и ми помогнаа на моето кошарка и животно патување. Благодарам на моето семејство, сопруга, пријатели, кумови, соседи и соиграчи кои ми беа безрезервна поддршка. До следно видување, Алекса…“, напиша Аврамовиќ на Инстаграм.

„По три сезони, нашиот Алекса Аврамовиќ ќе ја продолжи кариерата во друг клуб. Играч со неверојатна енергија, едноставно неповторлива личност, ќе остане запаметен по многуте одлични игри и анегдоти низ кои поминавме заедно во последните три сезони. Алекса, твојот Партизан ти посакува многу среќа и многу здравје во продолжението на кариерата“, се вели во прошталната порака на црно-белите.

Во моментов кошаркарот е со репрезентацијата на Србија која ќе се натпреварува на Олимписките игри. Аврамовиќ ќе и се приклучи на ЦСКА по краток одмор по враќањето од Париз.

- Оглас -

Најнови вести