Александар е Типстер на месецот: Со 13 погодени тикети во октомври ја доби наградата од 100.000 денари од Sport Life

Типстер купот на Sport Life го има победникот за октомври. Тоа е Александар Ј., кој со 13 погодени тикети во октомври ја понесе ласкавата титула Типстер на месецот и си доби награда од 100.000 денари од Sport Life.

„Благодарност до Sport Life, ова ми е најголемата добивка досега. Сум имал добивка од 60.000 денари, а оваа голема награда секако е добредојдена, посебно пред Нова година. Ќе одиме некаде на викенд со сопругата и со двете дечиња,“, вели Типстерот за октомври, Александар.

Тој е редовен играч во Sport Life, а вели дека неговата игра е на голови.


„Мојата игра е на голови, најчесто играм од еден до три гола во двете полувремиња, или да паднат најмалку два гола во првото полувреме. Влегоа неколку тикети од почетокот на месецот и потоа знаев дека сум во трка и за Типстер на месецот. Одлично е, понатаму, им посакувам многу среќа и на сите останати прогнозери во Sport Life“, коментира Типстерот на месецот.

Награди во Типстер купот имаше и за втората и за третата позиција. Второпласираниот си доби 30.000 денари, додека третиот зеде награда од 20.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести