Едно од најголемите имиња во историјата на српската кошарка и поранешен селектор на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, ја прифати понудата да биде селектор на Кина.
Ѓорѓевиќ ќе има годишна плата од 1 милион долари за работата со кинеската репрезентација, а следната година на Кинезите им претстои настап на Светското првенство, кое се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.
Ѓорѓевиќ на клупата на Србија последен пат беше во 2019 година, токму во Кина. Последен клупски ангажман му беше во Фенербахче, но си замина летоска и иако имаше шпекулации дека може да го преземе Реал Мадрид, изгледа селекторската работа повеќе го привлекува.