Џанмарко Поцеко замина од селекторската позиција на Италија, откако неговиот тим беше елиминиран од Словенија во осминафиналето на Евробаскетот.
Емотивниот стратег ја соопшти својата оставка на прес-конференција веднаш по натпреварот и потоа ја напушти салата. Иако одлуката изгледаше како директна реакција на поразот, уште пред турнирот се шпекулираше дека ова ќе биде негово последно големо натпреварување на клупата на Италија.
Италијанските медиуми веќе пишуваат за можните наследници. „Тутоспорт“ открива дека федерацијата стапила во контакт со поранешниот српски селектор Александар Ѓорѓевиќ, кој има богато искуство со репрезентации и клубови како Панатинаикос, Баерн, Виртус и Фенербахче.
Меѓу сериозните кандидати за нов селектор на Италија се вбројува и Лука Банки, кој неодамна се раздели со репрезентацијата на Летонија.