Александар Коларов неочекувано објави крај на играчката кариера!

Српскиот фудбалер, 36-годишниот лев бек Александар Коларов, објави дека ја завршува својата кариера.

Коларов првиот сениорски договор го имаше пред 18 години со Чукарички, од таму во 2007 прејде во ОФК Београд, и тогаш направи трансфер во Лацио, по кој се прослави. Во Рим остана три сезони, а седум сезони играше за Манчестер сити. Потоа се врати во Рим, но во Рома, каде одигра три години, а последен клуб му беше Интер.

„Порано или подоцна, ќе дојдеше овој момент. Иако ми е жал што затворам едно поглавје од својот живот, благодарен сум што успеав да го остварам тоа што секогаш беше мој сон. Сега сум насочен кон вториот мој живот во светот на фудбалот, наскоро почнувам школување за спортски директор и скаут“ – објави Коларов, кој изненади многумина со одлуката да се пензионира.

- Оглас -

Најнови вести