Српскиот напаѓач Александар Митровиќ би можел да се врати во Европа, а според информации од португалските медиуми, Порто е сериозно заинтересиран за негов ангажман.
Митровиќ изминатите две сезони настапуваше за Ал-Хилал во Саудиска Арабија, каде особено во првата сезона се истакна со фантастични настапи и бројни голови, носејќи трофеи со тимот. Иако минатата сезона беше намалено неговото учество поради повреда, „Митрогол“ и понатаму даваше максимум кога беше на терен.
Сепак, раководството на Ал-Хилал не е целосно задоволно, и се разгледува можноста за негова продажба. Првично, неговото враќање беше поврзувано со Турција, каде интерес покажаа Фенербахче и Бешикташ, но сега во игра се вклучи и Порто.
Според извори блиски до португалскиот клуб, Порто веќе воспоставил првичен контакт со напаѓачот и започнале позитивни преговори. Доколку трансферот се реализира, тој не би требало да биде прескап, со оглед дека Митровиќ има договор со Ал-Хилал до летото 2026, а неговата пазарна вредност изнесува околу 18 милиони евра.