Александар Митровиќ пред трансфер во Реал Мадрид?

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија, Александар Митровиќ (30), би можело да ја продолжи својата кариера во редовите на Реал Мадрид.

Шпанскиот гигант ја заврши минатата сезона без освоен трофеј. И покрај имињата како Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Родриго во нападот, Кралевите изгледаа разочарувачки во најголем дел од сезоната. Многумина сметаат дека тимот на Карло Анчелоти останал без пехар токму поради отсуството на класичен напаѓач, типична „деветка“, која знае како да ја затресе мрежата во клучните моменти.

Со доаѓањето на новиот тренер, Чаби Алонсо, почнаа и големите промени во тимот. Неколку познати лица ќе го напуштат клубот, а веќе пристигнаа нови имиња како Франко Мастантуоно, Дин Хујсен и Трент Александер-Арнолд.


Сепак, Алонсо инсистира и на класичен голгетер, а еден од главните кандидати за таа позиција е токму Александар Митровиќ.

Напаѓачот на Ал-Хилал ќе има шанса да се докаже пред Реал Мадрид токму на Светското клупско првенство. Според информациите на „Дефенса сентрал“, токму по тој натпревар може да се финализира неговиот трансфер.

„Тој има сè што му е потребно на Реал Мадрид во моментов. Физички е многу силен, доминира во дуелите, знае да ја задржи топката и има одлична визија, како и инстинкт за гол“, пишува шпанскиот портал и додава:

„Одличен е и во воздушните дуели, што отсекогаш била негова најсилна страна. Со своите 30 години и големото искуство би можело да биде многу корисен за тимот на Чаби Алонсо.“

Останува да се види дали Митровиќ навистина ќе заврши во Реал Мадрид. Ал-Хилал е подготвен да го продаде, а неговата пазарна вредност е околу 18 милиони евра.

Србинот последните две сезони ги мина во Саудиска Арабија, каде што стана прв стрелец на Ал-Хилал со 68 гола и 15 асистенции во 79 настапи.

- Оглас -

Најнови вести