-1.2 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Александар Митровиќ се враќа во европскиот фудбал?

Александар Митровиќ во моментов е член на Ал-Рајан од Катар, но одигра само три натпревари во септември, а потоа се повреди и од тогаш е надвор од фудбалските терени.

Катарците воопшто не се задоволни од фудбалерот на кого му плаќаат по 10 милиони евра годишно, па сакаат по секоја цена да се ослободат од него.

Иако неколку екипи се споменуваа како можна следна дестинација на Александар Митровиќ, сепак, сега како најсериозен кандидат е турскиот гигант, Фенербахче, од каде велат дека преговорите се во тек.

Веројатно раководствата на Фенербахче и Ал-Рајан ќе се договорат лесно, но потешкиот дел ќе биде платата на Србинот и дали Турците можат да му понудат и приближно до тоа што го заработува моментално во Катар.

- Оглас -

Најнови вести