Македонскиот репрезентативен напаѓач Александар Трајковски преку социјалните мрежи се пофали дека го одиграл својот јубилеен 300-ти натпревар во клупската кариера.
Тој им се заблагодари за довербата што ја имале, на неговите клубови Интер Запрешиќ, Зулте Варегем, Палермо, Мајорка, Алборг и актуелниот Ал-Фајха, за којшто игра од јануари.
Инаку, Трајковски има играно и за Мехелен како позајмен, и кога почнуваше кариера, за Цементарница 55 во сезоната 2009/2010 во втората македонска лига.