Александар Трајковски потпиша четиригодишен договор со Мајорка

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално е нов играч на Мајорка. Шпанскиот тим потврди дека е потпишан договор кој ќе го обврзе офанзивниот играч да остане во редовите на Мајорка во следните четири сезони.

Трајковски доаѓа како слободен играч, откако доби раскин на договорот со Палермо, тимот кој административно беше префрлен во четвртата лига во Италија. Во дресот на Палермо, Александар одигра 113 натпревари, а даде 20 голови, плус 16 асистенции. Во кариерата уште има играно и за Зулте Верегем и Интер Запрешиќ, а кариерата ја започна во Цементарница 55.

Со потписот на Трајковски, Македонија доби и втор фудбалер во Ла Лига за новата сезона. Енис Барди со Леванте се подготвува за третата сезона во една од најсилните лиги во светот.

Мајорка денеска од 19:30 часот игра пријателски меч против Хетафе, а комплетната понуда за обложување на пријателските дуели може да ја погледнете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести