Александар Трајковски дресот на Палермо ќе го замени со тој на Спортинг Лисабон. Напаѓачот на македонската репрезентација е пред потпишување на четиригодишен договор со португалскиот гигант, а остануваат да се финализираат само некои детали за да биде и официјално преставен во новиот клуб.
Трајковски во Палермо беше од 2015 година, но беше јасно дека летово ќе си замине откако клубот не доби лиценца за настап во Серија Б. Доколку се оствари договорот, Александар ќе стане соиграч со Стефан Ристовски, кој веќе две години игра за Спортинг.