Александар Васоски: Хановер нѝ беше омилен противник, Ајнтрахт и утре ќе победи

Се сеќавам дека секогаш игравме добро против Хановер, без разлика дали тоа беше на домашен терен, или на гости и често ги победувавме. Верувам во нова победа на мојот поранешен тим и утре против Хановер, вели Васоски.

Во првиот обид, сегашниот тренер на Вардар погоди три од петте типови, а успешно типуваше реми на мечот меѓу Мајнц и Волфсбург, нешто што е многу тешко да се предвиди во Бундеслигата. Ја погоди и победата на Вердер против Херта и поразот на Ајнтрахт на гостувањето во Менхегладбах кај Борусија.

Триумфот на Фрајбург против Шалке 04 беше едно од изненадувањата во петтото коло и тука „кецот“ изненади многумина, меѓу нив и Васоски. Популарниот „Тетовче“ немаше среќа со последниот предлог-тип, иако беше многу блиску. Типуваше од 0-2 гола на мечот меѓу Фортуна и Баер Леверкузен, а домаќините со гол од пенал во 94. минута намалија на 1:2 и го спречија Васоски да има 4 од 5 во деби типувањето за Спорт Манија.

Сега на ред е ново коло, шесто по ред во германското првенство, а Васоски повторно е наш гостин со нова анализа и пет предлог типови од Бундеслигата.

 

Шалке 04 – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Шалке 04 веќе нема избор и мора да го победи Мајнц. Пет порази на екипа со квалитетот и калибарот на Шалке 04 е рамно на сензација и сигурен сум дека „Ауф Шалке“ арена е подготвена за првата победа во новата сезона и дека навивачите на тимот од Гелзенкирхен ќе им се радуваат на првите три бода во новата сезона. Мајнц и не е преголема закана кога гостува, па мислам дека е идеален противник за Шалке 04 да ја прекине црната серија од пет порази на стартните пет меча во Бундеслигата.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

Хофенхајм – Лајпциг (Сабота, 15.30 часот)

Типувам победа на Хофенхајм против Лајпциг. Играат подобро во моментов од денешниот ривал, особено се добри на свој терен и тука немам дилеми дека бодовите ќе им припаднат на домаќините. Лајпциг има добра екипа, но е во нешто послаба форма од ланската, кога беше хит во Германија и мислам дека ќе загуби од Хофенхајм.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

Нирнберг – Фортуна Дизелдорф (Сабота, 15.30 часот)

И повторно како и во претходното коло ќе се обидам со тип од 0-2 гола на меч на Фортуна Дизелдорф. Двете екипи се наоѓаат во опасната зона, ќе играат претпазливо и верувам со малку голови. Фортуна загуби од Баер на домашен терен во претходното коло, па не смее да си дозволи нов пораз, иако сега ќе игра на гостински терен. За нив секој бод е значаен, особено во дуелите со екипи со сличен квалитет, каков што поседува Нирберг. Тоа добро го знае мојот поранешен тренер Функел и речиси сум сигурен дека ќе се обиде со дефанзивна тактика да дојде до бод. Домаќините се „изгореа“ на гостувањето во Дортмунд, каде примија 7 погодоци и сега ќе бидат попретпазливи, за да не дозволат нов пораз, па верувам дека ќе проследиме меч со малку голови.

Предлог тип: 0-2 гола (1.95)

 

Баер Леверкузен – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Овојпат ќе ја ја почитувам и традицијата од меѓусебните натпревари на Баер и на Борусија Дортмунд, каде има доста погодоци. И двете екипи даваат и примаат голови, па овде сум сигурен дека ќе има најмалку 3+, а за похрабрите им препорачувам да се обидат и со четири и повеќе голови. Дерби е на колото и очекувам атрактивен, напаѓачки фудбал зачинет со многу голови во двете мрежи.

Предлог тип: 3+ (1.60)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Хановер (Недела, 15.30 часот)

Ајнтрахт Франкфурт по традиција го победува Хановер на домашен терен, а сега мојот поранешен тим ќе има дополнителен мотив за рехабилитација по поразот од Борусија Менхегладбах во претходното коло.

Верувам дека победата на Ајнтрахт ќе биде гарнирана со најмалку два постигнати голови во мрежата на Хановер. Во минатото, кога јас го носев „црвено-црниот“ дрес речиси редовно ги победувавме, и утре верувам дека бодовите ќе останат во Франкфурт, но за посигурно ќе типувам дека Ајнтрахт најмалку двапати ќе ја затресе мрежата на Михаел Есер.

Предлог тип: Т1 2+ (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести