Александар Васоски: Со тешко срце типувам пораз на Ајнтрахт

Тренерот на Вардар, Александар Васоски, го прифати предизвикот да биде гостин на СПОРТ МАНИЈА и со неговото искуство од Бундеслигата, како играч на Ајнтрахт Франкфурт, да помогне полесно да се дојде до добивка.

На распоредот денеска и утре се натпреварите од петтото коло во Германија, а почетокот на некогашниот дефанзивец на популарните „орли“ од Франкфурт е мошне интересен.

„Со тешко срце ќе типувам пораз на Ајнтрахт на гостувањето во Менхенгладбах. ‘Борусија Парк’ е еден од најтешките стадиони за гостување во Германија и Ајнтрахт секогаш имал проблеми со Борусија. Но и интересна традиција на натпреварите меѓу Борусија и Ајнтрахт е што секогаш има многу голови. Мојот тип е 1&3+“, за почеток вели Васоски.

Во Ајнтрахт пристигна од Вардар во зимскиот преоден рок во 2005 година и со неговото доаѓање, клубот со голема традиција од популарната „Цвајта“, веднаш се пресели во повисок ранг на натпревари, во Бундеслигата.

Васоски беше стандарден член на Ајнтрахт до 2011 година и дел од кремот на германскиот фудбал со околу 100 настапи за клубот од Франкфурт во една од топ-5 најсилните лиги.

Одлично го познава германскиот фудбал, па неговите совети се драгоцени. Еве ја неговата анализа и типување за дел од мечевите од петтото коло во Бундеслигата.

 

Вердер – Херта (Вторник, 18.30 часот)

Двете екипи одлично ја почнаа новата сезона и сè уште се без пораз, што го прави дуелот мошне интересен. Вердер во Германија важи за домашна екипа, тешко ги губи натпреварите на свој терен и е фаворит. По традиција, дуелите меѓу Вердер и Херта се ефикасни, па очекувам и меч со многу голови.

Предлог тип: Т1 2+ (1.85)

 

Фрајбург – Шалке 04 (Вторник, 20.30 часот)

Шалке 04 е непријатно изненадување на стартот од сезоната. Не очекував да биде последен на табелата со четири порази, бидејќи има квалитет за повисок дострел. Фрајбург е послаб и мислам дека е време за прва победа на тимот од Гелзенкирхен. Верувам дека квалитетот ќе направи разлика и ќе му ги донесе трите бода на Шалке 04

Предлог тип: 2 (2.30)

 

Фортуна Дизелдорф – Баер Леверкузен (Среда, 18.30 часот)

Тренер на Фортуна е Фридхелм Функел, човек кој одлично го познавам, бидејќи ми беше тренер во Ајнтрахт. Тој е експерт за дефанзива, одлично знае да ја постави играта во одбраната и важи за дефанзивен стратег во Германија. Токму по тој концепт и сезонава во Бундеслигата игра Фортуна, па тука не очекувам многу голови. Можеби и само еден, што ќе го одлучи мечот.

Предлог тип: 0-2 гола (2.35)

 

Мајнц – Волфсбург (Среда, 20.30 часот)

Овде ќе ја почитувам традицијата, бидејќи тешко е да се отстапи од нешто што во последно време е пракса на дуелите меѓу Мајнц и Волфсбург. Петте последни меѓусебни дуели на овие два состави завршија нерешено. Четири од нив се со резултат 1-1, квалитетот на двете екипи е тука некаде, па нерешениот резултат е најреален.

Предлог тип: Х (3.20)

 

- Оглас -

Најнови вести